Нидри


 Поглед на Нидри   Денес Нидри е дестинација на најголемиот број туристи што го посетуваат островот. Има ресторани, барови и продавници од различни видови; им овозможува на посетителите да уживаат во спортови на вода и едрење, да ги посетат малите острови во заливот, но и Итака и Кефалонија.

 

       Поточно, од Нидри може да се види прекрасниот „Прикипонисија“ (Спарти, Хелони, Мадури, Скорпиди, Скорпиос) кои заедно со полуостровот Агиа Кирјаки создаваат прекрасна група острови. Мадури му припаѓа на семејството Валаоритис. Скорпиос, во сопственост на Аристотел Оназис, го направи Нидри меѓународно познат, бидејќи од време на време беше домаќин на голем број посетители и славни личности од целиот свет.  Треба да се спомене дека за да му оддадат почит на грчкиот бродосопственик, мештаните му направија статуа која го краси централниот плоштад на Нидри. На пристаништето има голем број чамци, од кои некои нудат крстарење до Пригкипонисија и блиските плажи, а други пак дневни крстарења до ’ртот на Лефкада, Порто Кацики, Егремни, како и до Кефалонија и Итака. Исто така, може да изнајмите мало кајче или моторен чамец, па сами да ја истражите областа.


 

Нидри - Водопади

 

Нидри - ВодопадиНидри - Водопади      Многу близу до Нидри, во потполно различно опкружување, ќе ги најдете водопадите на оваа област. Патот низ зелена богата вегетација е особено промамлив и завршува со патека која води до карпите каде што се наоѓа водопадот. Ако продолжите нагоре, доаѓате до природен базен во кој се собира водата. Таму може и да пливате во мраз студената вода.


Real time web analytics, Heat map tracking