Како да стигнете до островот

 

Посетителите може да стигнат до островот:

 

 

 

лебдечки мост на ЛефкадаСо автомобил

Лефкада е единствениот грчки остров до кој се доаѓа со автомобил преку подвижен мост. Од Атина е оддалечен 370 км, а може да стигнете со автомобил или автобус, бидејќи има дневни линии од и до Атина. Користењето на мостот Рио Антирио (цена: € 13,30) значително ја олеснува поврзаноста на островот со остатокот од Грција. Поекономично решение е користењето на ферибродот Рио Антирио (цена: € 6,50).

Од Солун е оддалечен 400 км и може да стигнете со автомобил или автобус ако го користите автопатот Игнација. 

Од пристаништето Игуменица, кое е оддалечено 100 км, може да дојдете до островот возејќи низ подморскиот тунел Превеза Актио (цена: € 3,00) што го олеснува пристапот до островот од северозападната страна на Грција.

 

Автобуска станица (KTEL) во Лефкада тел.: (+30) 26450-22364

Автобуска станица (KTEL) во Атина тел.: (+30) 210-5150108

Автобуска станица (KTEL) во Солун тел.:  (+30) 2310-595412

 

 

 

 

Со авион

По воздух е поврзан со меѓународниот аеродром Актио, на 18 км оддалеченост од градот Лефкада.

Аеродром Актио тел.: (+30) 26820-28343, 26820-22505
Аеродром "Елефтериос Венизелос" во Атина тел.: (+30) 210-3530000

 

 

 

 

 

 

Поврзаност на Лефкада со околните острови

Има секојдневни тури со фериброд од Нидри и Василаки до Меганиси, Кефалонија (Фискардо) и Итака (Фрикес).

 

Real time web analytics, Heat map tracking