Плажите на Лефкада

 

Ag. Nikitas 2       Лефкада е позната ширум светот по нејзините рајски плажи со бел песок и тиркизни води. Овие плажи, кои туристите секоја година ги оценуваат како најдобри, добиваат Сини знамиња.

 

       Примамливо долгите и прекрасни плажи се наоѓаат на западната страна од Лефкада. Тоа се плажи со песок или чакал и кристално чисти води, чијашто боја се менува според природната околина. Понекогаш се зелени, понекогаш сини или пак тиркизни. Aмоглоса, Кастро, Гира, Ај Гијанис, Пефкулија, Агиос Никитас, Милос, Катизма, Гиалос, Егремни и Порто Кацики.

 

Porto katsiki 11       Порто Кацики, Катизма и Егремни се прочуени по нивната убавина. Тоа е забележано и во грчки и странски реномирани списанија за туризам. Всушност, Порто Кацики се смета за најдобра и најубава плажа на Медитеранот.

 

       Помали, но подеднакво убави плажи со каменчиња и мирни води за уживање можат да се најдат и во источниот и јужниот дел на Лефкада. Лигија, Никијана, Перигијали, Нидри, Десими, Порос, Амусо, Агиофили, Василики.

 

     И најпосле, но не и најмалку важно е тоа што може да најдете мали и тивки плажи во Меганиси: Ај Гијанис, Спилија, Пасумаки, Абелакија, Атерианос, Лимонари.

     Во 2016, дури 8 плажи на Лефкада и локалната марина добија Сини знамиња. Може да ги погледнете овде на грчки, или овде на англиски.

Real time web analytics, Heat map tracking