Општи податоци за Лефкада

 

 

Лефкада е четврти по големина остров од Јонските острови. Поврзан е со Аитолоакарнанија со околу 20м подвижен мост, што овозможува лесен пристап со автомобил. Неговите брегови се многу близу до бреговите на копното на Грција, разделени со историскиот теснец Дрепано. Има површина од 302,5 m2 и околу 23000 жители. Заедно со малите острови Меганиси, Каламос, Кастос, Скорпиос, Скорпиди, Мадури, Спарти, Тилија, Китрос и други помали островчиња, сочинува една административна единица, Префектура на Лефкада.

Lefkada aero    

Островот има медитеранска клима. Зимите се благи, но дождливи, а летата топли со свежи ветрови.

 

70% од површината на Лефкада е планинско земјиште. На западната страна од островот има многубројни долги песочни плажи. Исто така, има тесни платоа, плодни долини и кањони со богата вегетација. Флората ја сочинуваат маслинови дрвја, лозја, чемпреси, разновидни борови дрвја, посебен вид на дабови, ароматични билки и ретки цвеќиња.

      

Островот има неколку извори, како што се прочуените извори на Керасија, Сиврос, малите водопади како што е Димосарис во пошироката област на Нидри и прекрасните кањони како што се оние во Мелиса, Сфакиотес и во Чарадијатика.

        

Мочуриштата кои што се важни за различните видови птици се сместени во двете лагуни на Лефкада, на северниот дел од островот.

       

Крајбрежната област на Лефкада има богата морфологија. Се состои од впечатлив брег, полуострови, ‘ртови, од кои најпознат е ‘ртот Лефката, извонредни природни пристаништа како што се оние во Влихос, Сивота и Руда во источниот дел на Лефкада и во Василики во јужниот дел. 

Real time web analytics, Heat map tracking